Христофиас: Кипар е подготвен за компромис, редот е на Турција

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас денеска во Атина изрази подготвеноста за решавање на кипарското прашање но изјави дека е неопходна реципрочност од страна на Турција. Тој додаде дека без поддршката на Грција,Кипар „не би можел да преживее и да стане дел од ЕУ“.
Претходно, грчкиот премиер Јоргос Папандреу по средбата со Христофиас изјави дека без решавање на кипарското прашање, не може да има нормализирање на грчко-турските односи.