Фуере: Следната година ќе биде од голема важност за Рамковниот договор

Следната 2011 година ќе биде уникатна можност да ја подвлечеме важноста на придобивките што ги имаме од Охридскиот рамковен договор, но и да се посветиме на работата што треба да се заврши со цел да се имплементира договорот.
Ова го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере денеска во Скопје по средбата со вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Абдилаќим Адеми.
Адеми изјави дека на препораките и на укажувањата од Извештајот на Европската Комисија се гледа како на добра основа за подготвување на стратегијата за идниот период.