За авганистанските авиокомпании во среда стартува забрана од ЕУ

Европската Унија ги забрани летовите на сите авганистански авиокомпании кон европските земји поради тоа што не успеале да воспостават квалитетен безбедносен режим. Забраната ќе стартува од среда. Авганистанските авиокомпании сега бараат начин да ја заобиколат забраната со купување на нови авиони или со летање под логото на други компании.