Адеми негира поврзаност на ДУИ со апсењето на Муслиу

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Абдулаќим Адеми негира дека по сугестија на ДУИ е приведен поранешниот функционер во Службата за државна безбедност Хисен Муслиу осомничен за фабрикување на досијата доставени до Комисијата за Лустрација. Адеми по средбата со евроамбасадорот Евран Фуере изјави дека државните институции треба до крај да ја расчистат оваа афера,а одговорите треба да се бараат од Министеретвото за вантрешни работи и од македонското судство. Фуере изјави дека прашањето за лустрацијата не треба да биде дел од политичките агенди и треба да се третира на сензитивен начин.