Судиите не се согласуваат во целост дека се под политички притисок

Македонските судии не се согласуваат во целост со минатогодишната анализа на ОБСЕ дека работат под политички притисок. Ова го изјави денеска претседателот на здружението на судии Николчо Николовски на регионалната конференција за независно судство во организација на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје. Николовски додаде дека во однос на она што е кажано во Извештајот на Евопската Комисија, направен е одреден напредок особено во делот за судење во разумен рок, но не сака да зборува во негативна конотација за се што е врзано со независното судство.Шефот на мисијата на ОБСЕ Хозе Луис Хереро изјави дека во Извештајот на Европскат Комисија е нотиран напредок но има уште многу да се работи и Владата е таа што треба да обезбеди законска рамка за да се зајакне независноста на судството.