Приведен поранешниот функционер во тајните служби Хисен Муслиу

Поранешниот функционер на службата за државна безбедност Хисен Муслиу доцна синоќа е уапсен во Тетово, под сомнение дека учествувал во фабрикување на досија за соработка со тајните служби. Пратеникот на ДУИ Талат Џафери, минатиот месец го обвини Муслиу, дека тој заедно со неговиот син Реџеп Муслиу, се автори на досиеатапод псевноними „Мама“, „Вујко“,„ Ибар“ и „Стрелец“, за кои се смета дека се поврзани со актуелни членови на ДУИ. Муслиу ги негираше обвинувањата и тврдеше дека професионално ја извршувал функцијата додека бил вработен во службата за државна безбедност и оти нема никаква врска со досиеата.
Во МВР го потврдуваат приведувањето на екс функционерот и детали најавуваат за подоцна. Досиејата беа доставени како фотокопии во Комисијата за лустрација и затоа не беа разгледувани, велат во Комисијата.