Вредноста на акциите на европските берзи рипна

Европските берзи денеска забележаа пораст по веста дека Ирска формално побара финансиска помош од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд. Станува збор за помош во вредност од речиси 100 милијарди евра. Британија и Шведска кои не се членки на еврозоната ветија дека ќе помогнат со заеми. Британија вети дека ќе и даде заем од 11,3 милијарди евра на Ирска. Европската Комисија соопшти дека Ирска за возврат ќе треба да преземе неколку болни чекориво однос на даноците за подобрување на финансиската состојба на земјата.