Друцас: До 2018 година земјите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас денеска во Брисел побара да се прецизира датумот кога земјите од Западен Балкан ќе станат членки на Европската унија. Тој изјави дека ЕУ би можела како краен рок да ја одреди 2018 година, но само за оние кои во целост ќе бидат подготвени ги исполниле сите критериуми за членство.Друцас истакна дека Грција за време на нејзиното претседателствување со Унијата во 2014 година ќе бара постигнување на европски консензус за датумот за Македонија, за Србија, за Црна Гора, за Албанија и за Босна и Херцеговина.