Унгарија ќе продава експонати од комунизмот

Унгарската влада соопшти дека со аукција на експонати од комунистичката ера ќе помогне во собирањето пари за луѓето чии домови беа уништени во неодамнешната катастрофа со токсичната кал. Министертвото за правда соопшти дека се надева оти ќе собере илјадници долари од продажбата на статуетки од Ленин и слични дела кои собираа прав во министерските кабинети. Во катастрофата загинаа 10 луѓе и најмалку стотина ги загубија своите домови.