Оставка на министерот за правда на Јапонија за шега

Јапонскиот министер за правда Минору Јанагида поднесе оставка поради шегување со неговата работа. Тој во парламентот изјавил дека како министер му е неопходно да запамти две реченици кога се соочува со прашања од пратениците: ,,не коментирам посебни случаи“, и ,,работиме на проблемот во согласност со правото и доказите“. Тоа предизвика голема бура меѓу пратениците по што министерот им се извини и поднесе оставка.