Германија: прво судење на гусари по 400 години

Денеска во Германија почна првото судење гусари по 400 години. Во судот во Хамбург се појавија десетмина сомалијци обвинети дека во април годинава се обиделе да киднапираат германски товарен брод. Тие се соочуваат со казна затвор од 15 години. Според некои податоци, сомалијските гусари во моментов држат во заложништво 500 морнари и 23 бродови.