Премиерот Груевски во Британија

Премиерот Никола Груевски за време на неговата денешна посета на Британија, како што е соопштено во Скопје, ќе има средба со британскиот премиер Дејвид Камерон, со дел од министрите во неговата влада и со група парламентарнци. Тој ќе има обраќање и на бизнис форумот за можностите за финансирање во Македонија.