Децата во Авганистан безбедни, тврди претставник на НАТО

Претставникот на НАТО силите во Авганистан Марк Седвил изјави дека децата во главниот град на оваа земја, Кабул се побезбедни отколку во Лондон, Њујорк и некои други места. Тој смета дека повеќето од децата дури и во Кандахар кое се смета за засолништето на Талибанците живеат безбедно. Според минатогодишниот извештај на Обединетите Нации, Авганистан е најопасното место за живот.