Босворт: Северна Кореја провоцира

Високиот претставник на Соединетите Американски Држави задолжен за Северна Кореја, Стефан Босворт изјави дека Пјонгјанг провоцира со производството на збогатен ураниум. Босворт имаше обраќање во Сеул, Јужна Кореја, по разговорот со официјални лица на Северна Кореја и по коментарот на еден американски нуклеарен научник дека тој во земјата посетил фабрика за збогатување ураниум, која има можност за производство на нуклеарна бомба.