Состанок на министрите за социјала на СЕ

Во Лиеж, Белгија денеска се одржува неформален состанок на министрите за социјална политика на земјите членки на Советот на Европа, на кој ќе учествува и Министерот за труд и социјална политика на РМ Џељаљ Бајрами. На состанокот министрите ќе дискутираат за активната состојба на нивните земји во областа на социјално-кохезивната политика, а ќе се осврнат и на резултатите постигнати во оваа област, се вели во соопштението од Министерството.