Палестинците не го прифаќаат предлогот на САД за Израел

Палестинските власти нема да им се вратат на мировните преговори се додека не се замрзне целосно градењето на еврејските населби, вклучувајќи го и градењето во Источен Ерусалим. Оваа изјава на палестинскиот претседател Махмуд Абас по денешната средба со египетскиот претседател Хосни Мубарак во Каиро ја пренесува новинската агенција Ројтерс.