Нимиц за грешката со терминот „македонски“

Поради грешка на техничко ниво, имаше промена во терминолошкиот регистар на Секретаријатот на ОН во врска со јазикот на Поранешната југословенска република Македонија. Таа грешка е направена без политичка намера и не е последица на интервенција на некоја влада. Грешката е поправена со враќање на претходниот термин во регистарот.
Ова изјава на посредникот на ОН во македонско - грчките преговори за спорот со името Метју Нимиц ја пренесува новинската агенција МИА од програмата Гласот на народот.
Секретаријатот на ОН, како што вели Нимиц, „останува непристрасен во напорите да им се помогне на вклучените страни да ги решат меѓусебните разлики во врска со прашањето за името, и се надева на брз прогрес кон заедничко прифатливо решение“.
Тој додава дека се надева оти со објаснувањето за оваа епизода и со конструктивните разговори што ќе следуваат, ќе го оставиме ова зад нас.