Ахмадинеџад:Девојките да се мажат на 16 години

Иранскиот претседател Маџмуд Ахмадинеџад побара девојките во земјата да се мажат на 16 годишна возраст. Иранскиот весник кој е во државна сопственост го цитира Ахмадинедад кој ги критикува девојките кои се мажат на просечна возраст од 24-26 години, за кои, како што вели, се многу стари за мажење на таа возраст. Ахмадинеџад го критикува „Западниот модел“ на планирање на семејстсво и бара да се зголеми популацијата во Иран. Критичарите сметат дека со ваквата политика може само да се зголеми официјална стапка на невработеност од 9 проценти во земјата.