Вранишковски во куќен притвор во Бугарија

Бугарското Обвинителство му одреди мерка куќен притвор на расчинетиот владика на Македонската православна црква Јован Вранишковски, јавија софиските медиуми. Гаранција дала Бугарската православна црква и Вранишковски е сместен во некој од софиските манастири. Времетраењето на куќниот притвор не е ограничено.Бугарската полиција го уапси Вранишковски во понеделникот вечерта на граничниот премин Калотина на бугарската страна со Србија. Најпрво му беше изречено 24-часовно задржување, а потоа и екстрадиционо од 72 часа. И овој рок истече, а документацијата за неговата екстрадиција, како што информираат бугарските медиуми, се уште не е доставена. По барање на Судот во Битола, македонското биро на Интерпол распиша потерница по Вранишковски