Груевски: кризата полека попушта

,,Позитивните оценки на Меѓународниот монетарен фонд за развојот на економијата укажуваат дека треба да продолжиме со водење на владините економски политики, но исто така и да применуваме нови мерки кои ќе ја подобрат економската состојба,, изјави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето на спортската сала во Кичево. Според неговата оценка, тоа покажува дека кризата во Македонија полека попушта.