Иванов: ЕК да ја следи практиката на ОН за јазикот

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов испрати писмо до претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во кое бара во организацијата која тој ја претставува во иднина соодветно да се користи придавката „македонски“, врз основа на практиката потврдена од ОН и сите меѓународни документи за човековите права. Шефот на државата истакнува дека како и неговите сограѓани бил длабоко вознемирен од начинот на кој во Годишниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија се именува македонскиот јазик, не како македонски, туку како „државен,, „официјален,, и „локален јазик,,.