Во Албанија запленети 25,5 килограми марихуана

Полицијата од албанскиот град Корча при рутинска контрола во автбусот кој сообраќал на релација Тирана-Атина заплени 25,5 килограми марихуана.
Дрогата била спакувана во 24 пакетчиња и скриена во просторот меѓу седиштето на возачот и првите тркала на автобусот.