Ирска разговара за меѓународна финансиска помош

Ирска ги почна разговорите со меѓународните организации за можниот пакет помош што треба да и помогне на земјата да се опорави од банкарската криза. Мисија од Европската унија, Европската централна банка и ММФ пристигна во Даблин да ја процени финансиската состојба во земјата и да ги разгледа можностите за пакет за спас.
Буџетскиот дефицит во Ирска во 2010 година достигна 32 отсто, што е за 10 пати повеќе од правилата на ЕУ.