10 кандидати за претседател на Белорусија

На претседателските избори во Белорусија кои ќе се одржат следниот месец ќе учествуваат 10 кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател Александар Лукашенко, соопштува тамошната изборна комисија. Според анкетите, актуелниот претседател на изборите ќе добие подршка од 44 отсто од гласачите, но тоа не е доволно да се избегне втор круг на гласање.
Анкетите покажуваат дека голем дел од гласачите се неопределени или не сакаат да кажат за кого ќе гласаат.