Во наредните два дена ќе се оддржи самиот на НАТО

Лидерите на земјите членки на НАТО во наредниве два дена во Лисабон ќе разговараат за постигнатиот напредок во Авганистан, односите со Русија, иднината на Алијансата и антиракетната одбрана. На самитот на НАТО ќе присуствува рускиот претседател Дмитри Медведев со кој лидерите на НАТО треба да потпишат договор за соработка во Авганистан, јавува новинската агнеција Франс Прес која се повикува на извори од НАТО.