Протести во Украина против даночните реформи

Најмалку 2 илјади сопственици на мали бизниси денеска пред Парламентот во Киев повторно протестираат против даночните реформи. Критичарите на реформите велат дека со нив ќе им се помогне на големите коорпорации, а ќе им наштетат на малите и средни претпријатија. Пред два дена речиси 10 илјади луѓе демонстрираа против даночните реформи во Украина.