Налог за апсење на основачот на Викиликс

Шведските истражни органи побараа од судот да издаде налог за апсење на Џулиан Асанж, основачот на интернет страницата Викиликс, осомничен за силување, и сексуално малтретирање. Сличен налог против него беше издаден и во август годинава, но тогаш беше отфрлен. Викиликс објави илјадници американски тајни документи во врска со војните во Ирак и во Авганистан.