Ирска сепак ќе бара голема финансиска помош?

Ирска веројатно ќе земе кредит од Европската Унија и Меѓународниот Монетарен Фонд кој може да изнесува и десетици милијарди евра. Ова го изјави гувернерот на Ирската Централна Банка, Патрик Хонохан пред денешната проценка од претставници на Европската Унија, Европската Централна Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд, за димензиите на финансиската криза во Ирска.