Ахмадинеџат бара Западот да не му се заканува

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека светските сили треба да престанат да му се закануваат на Иран доколку сакаат да биде постигнат прогрес во преговорите за нуклеарната програма на Техеран. Ахмадинеџат ова го изјави денеска во Баку каде што се одржува самит на земјите од каспискиот регион. На маргините на самитот е предвидено Ахмадинеџат да има средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев.