Во Македонија се почитуваат верските слободи

Македонската влада генерално ја почитува верската слобода во практика, се наведува во најновиот годишен редовен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот. Сепак, во делот за Македонија главните забелешки се однесуваат на спреченоста на некои религиозни групи да се регистрираат. Унапредувањето на верските слободи во светот, според државниот секретар Хилари Клинтон, е основен елемент на американската дипломатија.