Колерата од Хаити се шири и во САД

На Флорида е забележан првиот случај на заболен од колера, јавуваат локалните медиумни. Станува збор за жена која неодамна била на посета кај своето семејство на Хаити. На Хаити болеста се појави кон средината од октомври. Исто така и во Доминиканската Република е забележан првиот случај на заболен од колера. Тамошните власти ги зајакнаа мерките за контрола на границата со Хаити за да спречат ширење на болеста. Од колера на Хаити досега починаа 1.110 луѓе.