Жупе: Авганистан е замка за војниците од Алијанската

Францускиот нов министер за одбрана Ален Жупе денеска изјави дека Авганистан е „замка“ за трупите на алијансата и дека лидерите викнедов во Лисабон на самитот на НАТО ќе разговараат за можностите за повлекување. Тој во интервју за француско радио изјави дека Франција нема намера да дозволи да останат нејзините трупи неограничено во Авганистан и планира да разговара за прашањето -кои зони ќе може да им се препуштат на авганистанските безбедносни сили. Франција до сега има испратено 3850 војници во мировни мисии, во и околу Авганистан. Се очекува на самитот во Лисабон да присуствуваат и претставници на Авганистан.