Клинтон и Шпинделегер повикаа на уставни реформи во БиХ

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и австрискиот министер за надворешни работи Михаeл Шпинделегер ги повикаа властите во БиХ да ги спроведат неопходните реформи во земјата. По синоќешната средба со Клинтон, Шпинделегер изјави дека со формирањето на нова влада се создава вистинскиот момент за уставни реформи во земјата.Клинтот минатиот месец ја посети БиХ и тогаш рече дека ако не се спроведат уставните реформи, земјата ќе заостане во своите евроинтеграции во однос на соседите.