Во Бишкек процес против остранетиот Претседател Бакиев

Судот во Киргистан започна процес против остранетиот Претседател Курманбег Бакиев и 27 негови соработници во врска со стрелбите врз демонстрантите во Април кога беа убиени 87, а ранети околу 100 лица.
На Бакиев и на 5 други лица, меѓу кои, неговиот син и брат, им се суди во отсуство на процес отворен за јавноста.