Берлускони ќе ја проверува поддршката во парламентот

Двата дома на италијанскиот парламент на 14 декември ќе гласаат за доверба на владата на премиерот Силвио Берлускони. Пред неколку дена Берлускони најави дека ќе побара вакво гласање за да види дали владата се уште има доволна поддршка. Тој се решил на таков чекор бидејќи во медиумите се појавиле информации дека некои министри ќе ја напуштат владата во текот на оваа недела и ќе го поддржат главниот ривал на Берлускони и негов поранешен сојузник, претседателот на долниот дом на парламентот Џанфранко Фини.