Ватерполо: Србија-Македонија 10:6

Ватерполо репрезентацијата на Македонија синоќа во Белград беше поразена од селекцијата на Србија со 10:6 во првото коло од Светската лига. Следниот натпревар Македонија го игра на 7 декември кога во Скопје треба да гостува Шпанија, која во првото коло игра со Германија. Победникот од ова натпреварување ќе обезбеди директно учество на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.