Протести во Украина против даночните реформи

Илјадници сопственици на мали и средни бизниси денеска протестираа во Украина против контроверзните даночни реформи кои ги разгледува Парламентот. Околу 10 илјади демонстранти се собрани пред Парламентот во Киев блокирајќи улици со пароли во рацете на кои пишува „сопрете го даночниот терор“. Ова се најголеми демонстрации што се оддржуваат во Украина откако е избран за претседател Виктор Јанукович. Освен во Киев се штрајкува и во неколку други градови.