Екстрадицијата на Бут незаконска

Русија денеска оцени дека екстрадицијата на рускиот дилер на оружје Виктор Бут од Тајланд во Соединетите држави е незаконска. Во соопштението на руското министерство за надворешни работи се наведува дека Бангкок морал да попушти пред американските притисоци без преседан и да донесе одлука за екстрадиција на рускиот државјанин кој од 2008 година е во затвор во Тајланд. Тој денеска со специјален авион бил префрлен во Соединетите држави каде што е обвинет за тероризам. Бут ги негира обвинувањата.