Судири на Хаити, еден загинат

На Хаити избувнаа судири со мировните сили на Обединетите нации во кои загнало едно лице а неколкумина мировници биле ранети, јавуваат агенциите. Жителите на Хаити ги обвинуваат мировните сили од Непал дека биле одговорни за појавата на епидемијата на колера од која умреле над 900 луѓе. Мисијата на Обединетите нации протестите ги оцени за политички мотивирани, пред претседателските избори закажани за 28 овој месец.