Средба Иванов- Јосиповиќ

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов синоќа се сретна со неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ, пред почетокот на конференцијата на хрватската академска истражувачка мрежа во Сплит. Двајцата претседатели се согласиле дека Македонија и Хрватска немаат отворени прашања и оти политичките и економските односи меѓу двете земји се одлични. Тие разговарале и за евроинтегративните процеси, како и за состојбите во регионот и унапредување на економската соработка.