Американски сенатор го критикува Карзаи

Американскиот сенатор Кристин Џилибранд изјави дека авганистанскиот претседател Хамид Карзаи работи против интересите на Соединетите Американски Држави. Таа по посетата на Авганистан и средбата со Карзаи изрази сериозна загриженост околу исполнувањето на неговото ветување дека ќе се бори против корупцијата во земјата.