Папандреу бара нови даноци за стабилизирање на економијата

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу побара да се воведат нови даноци на емисијата на јаглерод диоксид и на финансиските трансакции, кои ќе помогнат во стабилизацијата на економиите на земјите-членки на Европската унија. Тој за време на средбата со францускиот претседател Никола Саркози изјави дека им е потребен нов механизам за стабилизирање на ЕУ, кој ќе биде финансиран на поинаков начин од досегашниот.