Најмалку 42 лица загинале при пожар во Кина

Најмалку 42 лица загинале а над 90 се повредени при пожар кој настанал во 30-катница во Шангај, јавува државната кинеска новинска агенција. Околу 60 против пожарни возила учествуваа во гасењето на пожарот.Опожарената зграда се наоѓа во најгусто населениот дел од градот.