Неколку земји се колебаат дали да присуствуваат на доделувањето на Нобеловата награда

Нобеловиот Институт соопшти дека се уште неколку земји се двоумат дали да присуствуваат на церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир на кинескиот десидент Лиу Џиаобо.
Директорот на институтот Геир Лундестад изјави дека неколку амбасадори, не именувајќи од кои земји, побарале повеќе време да размислат како ќе одговорат на поканата за церемонијата која ќе се оддржи во Осло на 10-ти Декември.
Кинескиот десидент и добитник на Нобеловата награда за мир е осуден на 11 години затворска казна откако учествувал во пишувањето на Манифест, повикувајќи на политички реформи во Кина.
Пекинг се закани дека ќе има „ последици“ за земјите кои го подржуваат десидентот.