Уапсени се осомничени за рускиот масакр

Руските обвинители соопштија дека човекот кој е обвинет за организирање на убиствата на 12 луѓе вклучувајќи и 4 деца кои се случија пред десетина дена во едно село е уапсен.
Осомничениот Сергеј Тсапок заедно со уште еден член на неговата банда се уапсени денеска и обвинети дека се дел од бандата која влегла во домот на еден фармер, го убила неговото семејтво и пробале да ја запалат куќата. Нападот се случил во во рускиот јужен регион Краснодар.
Минатата недела беа уапсени четворица осомничени за членство во криминалната банда.