Палестинците со нови услови за преговарање со израелците

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат изјави дека израелскиот мортаториум на изградбата на еврејски населби мора да се однесува не само на Западниот Брег, туку и на Источен Ерусалим, па дури потоа палестинците ќе се вратат на преговорите. Израел го прифати предлогот од Соединетите Држави да ја замрзне изградбата на доселеничките населби за уште 90 дена, а Вашингтон за возврат ќе блокира евентуални резолуции во Советот за безбедност на Обединетите Нации против Израел, со цел да продолжат директните израелско – палестински преговори.