2,5 милиони муслимани на аџилак во Саудијска Арабија

Над 2,5 милиони муслимани се собраа на светите места во Саудиска Арабија на годишниот аџилак. Саудиските власти презедоа серија нови мерки за избегнување на инциденти и засега годинава немаше проблеми на почетокот на собирањето на аџиите во Мека.