Обама ја поздрави подршката на Нетанјаху за американски предлог

Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави подршката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за предлогот на САД за стопирање на изградбата на израелски населби на Западното крајбрежје. Се предлага градењето да се паузира за 90 дена во интерес на мировните разговори со палестинците, кои се блокирани од септември годинава. За возврат, Соединетите држави нудат блокирање на сите резолуции на Обединтите нации кои не се поволни за Израел и обезбедување борбени авиони за израелските власти во вредност од 3 милијарди американски долари. Израел би требало да донесе конечна одлука по овој предлог во текот на неделава.