Ал Нујаифи: Иран да не се меша во политичките работи на Ирак

Ирачкиот претседател на собранието, Осама Ал Нујаифи денеска оддржа одвоени средби со амбасадорите на САД и Иран. Ал Нујаифи кој е член на политичкиот блок Иракија во разговорот со иранскиот амбасадор Хасан Данаи изјави дека подобрувањето на билатералните односи треба да се одвива врз „основа на заемно почитување и немешање во внатрешните работи“. Политичкиот блок Иракија подолго време го обвинува Иран дека се меша во политичките работи на Ирак. Ал Нујаифи го информирал и американскиот амбасадор Џејмс Џефри за политичките случувања во земјата.