Обама ја заврши десетдневната турнеја низ Азија

Американскиот претседател Барак Обама денеска ја заврши десетдневната турнеја низ Азија.Обама во Вашингтон го чека ратификацијата на билатералниот договорот со Русија за намалување на нуклеарното вооружување, договор кој наиде на отпор во американскиот Сенат. Претходно по средбата со рускиот претседател Дмитри Медведев, Обама ја истакна важноста на новиот договор со кој двете земји се обврзуваат да ги намалат за 30 проценти нуклеарните боеви глави. Обама и Медведев овој договор го потпишаа во април годинава.